Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните

Народот остана без леб, ама за Заев е најважна инвестицијата во плантажите на марихуана, сега ќе формира и агенција која ќе ја платат граѓаните, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.

„Зоран Заев не прави ништо како премиер освен што ги троши парите на народот. Немаме за вакцини, но имаме за нови и измислени институции, вработувања, возила и трошења.

Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните. Од буџетот, од парите на граѓаните, од нивниот џеб ќе се плаќаат нов директор, негов кабинет, секретарка и трошоци за тоа, шофер за истиот и возило, но и десетина или стотина нови вработени.

Нема пари за болнички возила, вакцини и друг потребен материјал, ама затоа има за нови институции кои имаат една единствена цел – заштита на бизнисот на Зоран Заев.

Фамилијата Заеви е длабоко замешана во бизнисот со марихуана, а шоферот на Трајче Заев беше фатен и во шверц на истата.

За шверцот со марихуана пишуваше и Гласот на Америка на македонски јазик, според кој Македонија, особено струмичкиот регион се место од каде се шверцува марихуана во Грција.

Македонија станува Колумбија на Балканот, а Заев става рака врз бизнисот со марихуана во целост, и затоа страдаат граѓаните, кои чекаат лекови и инсулин, затоа што мора да има за новите институции на Заев за контрола на марихуаната“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт