Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Царовска

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Царовска

Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Царовска, укинувањето на учебниците не е реформа, туку талибанизам, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата која предвидува укинување на учебниците. Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните“.

„Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа. Во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт