Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата

Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата, веднаш по изборите. Времето за оставки ќе дојде кога СДСМ ќе ги загуби катастрофално предвремените парламентарни избори, кои бараме да се случат што побргу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По таквите оставки ќе следува одговорност. Одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија. Одговори и одговорност ќе има и за кого крадеше Мухамед Зекири. Каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев. Одговорност ќе има и за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта“, е наведено во писмената реакција од опозициската партија.

Одговорност ќе има, како што велат и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.

„Оставки ќе има, но ќе има и одговорност за највисоките лица од СДСМ“, се потенцира во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт