Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судските пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот

Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев, реагираат од опозициската партија откако СДСМ претходно најави разрешување на судиите кои намерно ќе застаруваат предмети.

„Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција. Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта. Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот. Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ која заврши со смртни последици. Велат дека ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство да добие правда на своја страна.

„Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега. Но за жал ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда. Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром