Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат

Dik 300x250 mk

„Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во влада и да држат Коалициони состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните Коалициони партнери.

Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде.

Ковачевски не кажа ниту што мисли за Францускиот предлог.

Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е Францускиот предлог или дека не го видел.

Во однос на кризите, особено енергетската во делот на струјата оваа влада е најодговорна. Тие правеа криминал во РЕК и ЕЛЕМ, за сега да не се произведува доволно струја, која се покрива со скап увоз.

Сиромаштијата која е се поприсутна е вина на СДСМ и ДУИ. Народот плаќа и до 100% поскапа храна.

Криминалот, корупцијата и неработата на СДСМ и ДУИ не се решение за Македонија. Предвремени парламентарни избори час поскоро“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

ДИК: Во 33 општини завршија изборите за градоначалник, поднесени приговори во 11 општини

Беровчанец повреден откако паднал од скеле

Опожарено возило во скопски Чаир