Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави цензура на медиумите и владина телевизија, за да не се слушне за долгот, отпуштени вработени и кризата која доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

 

Скопје, 18 април 2020

Во услови кога државата пропаѓа заради неспособноста на власта и од сите држави во светот само ние се соочуваме со тешки економски последици, владата спроведува цензура врз медиумите и слободната мисла.

Цензурата на медиумите е показател на авторитарно општество и партија која на прво место и се тајкуните блиски до врвот на партијата, отколку народот.

Владата на СДСМ освен тоа што контролира дел од медиумите пробува да си направи своја нова телевизија и да ја наметне врз слободните медиуми. Освен тоа денешниот владин настан во форма на емисија има режисер, тоа е Роберт Поповски со неговите помошници Коста Петров и Маријан Забарчанец. Целта е партиско политичка пропаганда на грбот на народот во услови кога нашата земја е во тешка здравствена и економска криза. Не се важни граѓаните туку личниот рејтинг.

Што сака да сокрие власта?

1. Дали крие тоа што јавниот долг ќе биде 70% од БДП заради нивните лоши мерки и криминалот?

2. Дали се крие дека 140.000 луѓе привремено останале без работа?

3. Дали не сакаат да се знае дека 50% од вработените во угостителството се отпуштени?

Дали власта крие дека после оваа криза, ни следува уште поголема економска, која не можат да ја спречат!?

Слободата на медиумите и слободната мисла се уставно загарантирано право и никој не смее да ги ограничува, па ниту Зоран Заев и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт