Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

 

Скопје, 7 мај 2020

Република Македонија е на дното во регионот по број на тестирани луѓе од коронавирус.

СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени. Вештачки се создава перцепција дека се е во ред.

Од друга страна реалноста е сосема поинаква. Македонија има повеќе починати од коронавирус од Грција, Бугарија и Албанија заедно.

Високата смртност е само поради неспособноста на власта да ја менаџира кризата.

Лошиот менаџмент со кризата се гледа и во лошата економска слика. Буџетот за првите три месеци има дупка од 120 милиони евра, секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.

Државата само за санирање на дупките од неспособноста на власта ќе потроши 1.3 милијарди евра, пари за кои ќе треба да не задолжат и да ги враќаат некои идни генерации.

СДСМ ја урниса Македонија и ќе биде казнет од граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт