Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лиферува лажни вести за Когресот на ЕПП, одговорност за ќорсокакот во интеграциите треба да го бараат кај Заев

СДСМ се обидува да лиферува лажни вести за Конгресот на ЕПП, за да дефокусира од својата неодговорност и состојбите до кои ја донесе Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП ги повикуваме Дарко Каевски и СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.

Добро ќе беше СДСМ и Каевски навреме да препознаеа каква замка и пречка за Македонија претставуваат егзибиционизмот и болната амбициозност на нивната врхушка, кога дадоа правна рамка на едни анахрони, негаторски и неевропски барања. СДСМ тогаш вметна кукавичко јајце во договор за добрососедство кој сега ја води Македонија кон ќорсокак. За тоа одговорност Каевски и СДСМ треба да бараат од Зоран Заев, но и од наследникот Ковачевски.

СДСМ треба да прифати одговорност за ваквите потези исто како што треба да прифати одговорност и за другите нотирани забелешки кои се однесуваат за нивното 5 годишно злоупотребување на институциите. Во Европа веќе ја гледаат злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци и дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“