Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека со законот за наставници ќе покачува плати, туку прави брутална партизација на образованието

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека со законот за наставници ќе покачува плати, туку прави брутална партизација на образованието
Dik 300x250 mk

Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив. Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата. Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ“ велат од партијата.

Оттаму порачаа дека нема да дозволат партизација во образованието. Додаваат дека на државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар.

„ Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има. Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари