Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев сакаат избори затоа што приоритет им е да го намалат поразот, а не здравјето на граѓаните 

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Реакција на соопштението на СДСМ 

Скопје, 26 мај 2020

За СДСМ и Заев  очигледно дека не е важно здравјето на граѓаните и затоа сакаат избори по секоја цена. За нив не е важно тоа што во Република Македонија е прва со црна статистика со најголем број на починати на 1 милион жители во регионот.

За криминалната влада не е важно што и Државната изборна комисија достави мислења каде јасно пишува дека им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите.

Исплашен дека секојдневно се повеќе и повеќе ја губи довербата кај граѓаните Заев беше фатен  како врши поткуп на гласачи. Но, што и да направи Заев поразот му е неизбежен.

Откако ќе помине оваа пандемија ВМРО-ДПМЕ ќе победи на изборите, кога и тие да се одржат. За ВМРО-ДПМНЕ најважно е здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ.

Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт