Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ додека бистри политика и измислува лаги, половина Македонија им изгоре и ним воопшто не им е важно

300x250 opst2

Нервозата во СДСМ е толку голема, што поважно им е да измислуваат лаги и да бистрат политика, наместо да работат за граѓаните. За жртва што ќе ги пласира овие лаги го избраа да биде човекот кој како долгогодишен претседател на општинска организација изгуби во својот град на локалните избори. Тоа доволно говори за релевантноста и кредибилноста на истиот пратеник кој ги пласира овие лаги, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Партијата која привремено ја води Димитар Ковачевски под команда на Зоран Заев, партија и моментален претседател кои не осудија јавно ниту едно зло или понижување кое и се случува на државата и граѓаните, продолжуваат и понатаму да се служат со своите лаги и конструкции. Додека бистрат политика и измислуваат, половина Македонија им изгоре и ним воопшто не им е важно. До толку се неспособни, што дури не им и ниту важно да знаат кај има пожари.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека продолжувањето на истата политика на Димитар Ковачевски од својот ментор и претходник Зоран Заев, политика на самоупропастување, крадење и понижување е видлива, присутна и евидентна на сите полиња.

Ковачевски е човекот кој ја клекна Македонија и граѓаните со прифаќањето на протоколот на Бугарија, Ковачевски е човекот кој застана во одбрана на Џафери кој ги навредуваше вработените во Собранието, Ковачевски е човекот кој го аминува целото крадење и плачкање на Македонија.

Додека сето ова се случува, СДСМ се однесува како да живее во паралелен универзум и продолжува да креира измислици и лаги поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, од едноставна причина, затоа што пред очи во нивниот двор им се случува колапс и пропаст на целата држава, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ