Скопје, 27 февруари 2020
Денеска Централната комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ во соработка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше панел дискусија на тема „Македонската жена пред милениумскиот предизвик на еднаквост”.
На оваа панел дискусија претседателот на Централната Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Јовевски посочи дека оваа комисија заедно со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ посветува силно внимание на прашањата за интеграција на жената во сите сфери.
– Навистина избалансираниот пристап кој што треба да го има македонската жена не се однесува само во однос на балансот помеѓу нејзините семејни и професионални односи туку и на нејзиното вистинско место во општеството, во семејството. Нејзината улога како креатор и носител на новите идеи, како столб на општеството како мајка, како жена, како човек кој треба да ги реализираа предизвиците кои што се во рамките на новиот милениум, навистина кога зборуваме за еднаквоста може да констатираме дека сеуште во македонското општество, во различните сфери на општествено делување македонската жена сеуште не ги ужива сите аспекти на еднаквост. Тоа не е само македонски проблем, тоа е европски проблем, тоа е светски проблем особено ако го земеме аспектот на учеството на жената во однос на трудот и нејзиното нееднакво наградување за исти работни места и за еднакво стручно знаење и способност како и мажите. Навистина ВМРО-ДПМНЕ во овој аспект нуди голем број на решенија кои што ќе треба да одговорат на предизвиците на новото време, на предизвиците на новиот милениум.
Јовевски посочи дека во тој контекст и оваа трибина се посветува токму на овие прашања на прашањата на македонската жена во општеството, на нејзината интеграција и создавање на идна платформа, идна визија за еднаквост на македонската жена во сите аспекти на функционирањето во општеството.
На панел дискусијата се обрати и членот на Извршниот Комитет, Иванка Василевска рече дека огромен е придонесот на жената во општеството бидејќи тука застануваат жени кои имаат свои биографии, свое достоинство и своја визија како да ја претстават Македонија навистина на ова вистинско ниво кое што и прилега на секоја една современа држава.
Борбата за родовите права не е само за бројка, туку борба за квалитет и за надминување на сите бариери и стереотипи од било каква верска, национална или друга припадност, порача Василевска.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.