Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер кој МВР не го користи

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер кој МВР не го користи

Драги Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари, а во Министерството не знаат ниту дека истиот постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција.

„Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор. Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата го прашува Рашковски зошто го набавил софтверот, бидејќи ако МВР не знаат за него, тоа значи дека воопшто не го ни побарале. ВМРО-ДПМНЕ прашува и врз база на која анализа и потреба е купен софтверот.

Партијата го повика МВР веднаш да каже дали нарачеле софтвер од Рашковски, и дали тој за тоа добил овластување од Влада. Владата, пак, да каже како во време на пандемија воопшто дозволиле набавка на неприоритетна опрема.

„Колку вакцини можеле да се купат со парите кои Рашковски ги фрлил за софтверот кој никој не го користи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително бараат Обвинителството да го испита случајот и да се види целиот процес при набавка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели