Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ распишува оглас за избор на претседатели на повеќе општински комитети

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот

ВМРО-ДПМНЕ на состанок на Извршниот комитет донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово.

Како што информираат од партијата Извршниот комитет донел и повеќе кадровски одлуки како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ најавена од претседателот, Христијан Мицкоски.

Владимир Нелоски е именуван за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ, а Игор Здравковски е именуван за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

„Извршниот комитет изрази загриженост за состојбата во Република Македонија со корона пандемијата, за која се констатираше дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед. Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување на револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата нагласува дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи, се со цел конечно доекипирање и рушење на, како што велат, ненародната и криминална власт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип