Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Протест против мафијата на Заев и поскапа струја утре во 18 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Протест против мафијата на Заев и поскапа струја утре во 18 часот

Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци. Македонија има историски пад на БДП од 12.9%, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев. Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Утре (четврток), во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ.

Се гледаме!“ порачаа од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

(Видео) Ноќен кошмар во Козле – лисици шетаат и напаѓаат миленици