Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Просветните работници треба да знаат до каде е дијалогот меѓу СОНК и Владата

Просветните работници треба да знаат до каде е дијалогот СОНК-Влада и за колку проценти ќе пораснат нивните плати, смета опозициската партија.

„СДСМ со притисоци, закани и крајно манипулативно го прекинаа штрајкот на просветните работници. Притоа се повикаа на помирувач кој е пристрасен , односно е вработен во кабинетот на еден министер чиј ресор е директно засегнат од штрајкот. Тоа направи невидена манипулација и понижување на просветните работници.

Од прекинувањето на штрајкот со манипулативни методи, до денес помина недела дена, а јавноста нема никаква информација дали и што договориле двете страни, СОНК и Владата со посредство на помирувачот вработен во кабинет на министер.

Очигледно целта на власта е што е можно повеќе и подолго да се пролонгира и да се забошотат легитимните барања на просветните работници. Наставниот кадар легитимно бараше согласно колективниот договор нивните плати да се нивелираат според порастот на минималната плата. Тоа ќе овозможеше поголема и достоинствена заработка на лицата кои се грижат, ги воспитуваат и едуцираат нашите деца. Навистина е понижувачки наставниот кадар да зема плата која е едвај повисока од минималната плата во земјата. Изговорите на власта дека нема пари, дека покачувањето ќе предизвика инфлација и слично беа обични лаги, бидејќи јавноста виде дека биле трошени милиони евра за криминални физибилити студии, криминални договори во 4 очи, набавки на цвеќиња, кафиња, жардињери, фстаци службени возила и какви ли не други непродуктивни трошоци.

Јавноста и просветните работници треба да знаат каков е епилогот од преговорите на СОНК и Влада и за колку ќе се зголеми платата?

Колку повеќе кријат, толку поочигледно станува манипулативното “задушување“ на штрајкот на просветните работници од страна на Владата на СДСM и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци 

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег