Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20 отсто

ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20 отсто

ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20 отсто и усогласување на платите согласно коефициентот на тежина на работните места.

Од партијата информираат дека во текот на вчерашниот ден поднесено е законско решение за зголемување на пензиите во висина од 20 проценти. Тие сметаат дека со тоа на примателите на пензија ќе им се помогне во периодот на криза, а нивните примања ќе бидат во склад со покачените трошоци за живот.

Опозициската партија предлага и усогласување на платите со минималната плата и коефициентот на тежина на работните места во јавниот сектор, решение кое го нудат со амандман на Законот за минимална плата. Со тоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, наставниците во основните и средните училишта ќе земаат плата од 45 илјади денари.

„Големата криза која е предизвикана од страна на СДСМ може да се преброди само со општ пораст на платите и пензиите. Така ќе се анулираат штетите предизвикани со кризата и ќе се зачува реалната вредност на примањата“, додава ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Можете да прочитате

Обвинителството го повлече обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

Пожар во куќа во Дебар

Газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тврди мајка на загинато момче