Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Првиот ден од годината со честитка на Ковачевски до народот за поскапа струја и парно

ВМРО-ДПМНЕ: Првиот ден од годината со честитка на Ковачевски до народот за поскапа струја и парно

Првиот ден од годината со честитка на Ковачевски до народот за поскапа струја и парно, е напишано во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани работници, земјоделци, стопанственици, професори, наставници, доктори и останати здравствени работници, невработени, луѓе кои едвај крај со крај врзуваат. Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Првиот ден од новата година се започна со одлука на владата на Димитар Ковачевски за 14,5 проценти поскапо парно, и над 15 проценти поскапа струја и укината евтина тарифа за струја“, е наведено во писмената реакција од оваа партија.

Секој изминат ден се повеќе сиромаштија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Важно радиодифузна такса не се плаќа“, реагираат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт