Скопје, 19 февруари 2020 –
По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. Инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план.
Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина.
Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран.
Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово – бугарска граница, Штип – Радовиш, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Струмица – бугарска граница.
Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница.
Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.
300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција.
Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.