Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Заев на распит?

ВМРО-ДПМНЕ: По сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Заев на распит?

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто обвинителството не ги повика Русковска и Заев на распит, по сведоштвото на таткото на Бојан Јовановски.

„ Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев.

Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.

Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска“ велат од партијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на СДСМ личи какo Заев мамурен да го пишувал

Новиот претседател на ДКСК најави борба против корупцијата

Одбраната тврди дека Градоначалникот не може да биде крив за пропустите на системот