Консултантски услуги за ПР и стратегиско советување користат сите политички партии, вклучително и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако од владејачката партија денеска ги повикаа да дадат одговори за оставката од германскиот пратеник Тобијас Цех по откривањето дека лобирал за поранешниот премиер Никола Груевски.
„Сите се сеќаваат на сликите пред СДСМ од странски консултанти од соседството, кои организираа пленуми и шарени револуции за да дојде Заев да ја испокраде и уништи целата држава“, стои во ракцијата.
Според опозициската партија, власта многу повеќе треба да биде загрижена за реалната слика, која, како што велат од таму, ја чинат криминалот, тендерите, неспособноста на институциите и прекумерната смртност.
„Среде пандемија Заев, Филипче и другите бркаат тендери, провизии за вакцини преку фантом-фирми од Хонгконг, набавка на софтвери на Рашковски, си одат на луксузни одмори, а граѓаните умираат секојдневно“, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.