Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.000 амандмани на предлог-законот за служба во Армијата

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.000 амандмани на предлог-законот за служба во Армијата
300x250 opst2

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе околу 2.000 амандмани на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македониј, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Целта на нашите амандмани е подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж или со навршување на 55 години возраст. Доколку ова не биде на овој начин регулирано како што бараме, ќе се појави контрадикторност и ќе се изгуби смислата од потребата на бенифицираниот стаж“, рече тој.

Исто така, додаде Стојаноски, бараме и предлагаме да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос.

„Со ваквото законско решение во целост би се испочитувала темелната и основната вредност на уставниот поредок во Македонија односно ќе се испочитуваат основните слободи и права на човекот утврдени во нашиот Устав, каде јасно и прецизно пишува дека сите ние сме еднакви пред Уставот и законите во Република Македонија“, рече пратеникот.

Стојаноски изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да дозволи повторно да биде лажно обвинета за блокирање на Собранието или, пак, како што кажа, лажно обвинета дека е против Армијата на Република Македонија, против војниците и против подобрување на условите во Армијата.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка