Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека мандатот е доделен без докази и спротивно на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека мандатот е доделен без докази и спротивно на Уставот

Стево Пендаровски како Претседател на државата соопшти дека ќе доделува мандат за влада спротивно на Уставот по принципот „прв дојден, прв услужен“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Пендаровски треба да биде свесен за сериозноста на својата функција

„Наместо да се однесува како претседател на граѓаниите Стево Пендаровски призна дека мандатот е доделен без доказ за мнозинство и е узурпиран. Со што Пендаровски директно овозможи купување на време за непринципиелното купување на гласови на пратеници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По денешната средба на Пендаровски и Мицкоски која траеше околу час и половина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија ги замрзнува односите и комуникацијата со Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Да ставиме точка на семејното насилство – време е за системска промена“, бараат од Платформата за родова еднаквост

Обвинет за убиство, но тврди дека е невин: „Да убиеш човек не е лесно“

Општина Струга ќе го продава на аукција аудито на Мерко, почетна цена 21.800 евра