Парите од четвртиот пакет на мерки ќе завршат во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Без никаков срам СДСМ и Заев се фалат за четвртиот сет на мерки за надминување на кризата кога поради нивните погубни политики од месец март до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без приходи.
Граѓаните многу добро знаат дека овој четврт сет на мерки кој се претставува е со цел да тие пари повторно завршат во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт. Овој пакет на мерки само повеќе ги продлабочува проблемите во економијата трошејќи пари кои се на народот и после неколку години треба да се вратат затоа што кредитите ќе доспеат.
Четвриот пакет на мерки не дава никаква помош за 40.000 невработени, за проблемите во туризмот, за студентите, за младите, за проблемите во малиот и среден бизнис. Едноставно и тоа што го ветија самите не можат да го исполнат.
СДСМ и Заев и не се решение на проблемите. Тие не се борат против криминалот, тие го прават криминалот во државата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.