Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Опремување и модернизација на болниците и повисоки плати за персоналот

ВМРО-ДПМНЕ: Опремување и модернизација на болниците и повисоки плати за персоналот

ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се посвети на обновата на македонскиот здравствен систем. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира во здравството. Ветуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, најави опозициската партија.

„ Во рамки на овој проект, предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 СЕПТЕМВРИ“ која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје. Довршување на изградбата, опремување и развивање на нова модерна Клиничка болница во Штип. Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница.

Ветуваме Целосна дигитализација на рецептите, упати, извештаи и резултати ќе спроведеме дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичен лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадениот рецепт од лекарот ќе може да се подигне во која било аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Концептот на Е-ЗДРАВСТВО ќе биде да се оптимизира здравствениот систем, да се олесни работата на медицинскиот персонал, но и да се скрати бројот на физичко присуство на пациентите во здравствените установи, а во исто време да се зголеми достапноста на здравствените услуги. Здравствениот систем ќе биде оптимизиран со минимум употреба на хартија, по примерот на високоразвиените земји од Европската Унија.

Сите здравствени работници вклучени во борбата со ковид-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Дополнително, вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат уште една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.
По 15 јули почнува обновата.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се вели во партиското соопштение.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт