Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Од ковид починаа 300 лица за една недела, а Филипче вели сѐ е под контрола

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Триста починати од Ковид-19 за една недела, и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а министерот за здравство, Венко Филипче вели се е под контрола, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

„За една недела имаме скоро 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија.

Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна  одизлезена контрола.

Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации.

Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени.

Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија.

На целиот овој крах, го прашуваме Филипче како не му е срам да дава изјави и да тврди дека се е во ред? Наместо да смислува изговори, нека си даде оставка веднаш“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт