Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада единствено сервираше на граѓаните лажни ветувања

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

Скопје, 4 март 2020

Зоран Заев и неговата криминална влада во изминативе три години ништо не направија. Оваа влада единствено сервираше на граѓаните лажни ветувања.

Датумот за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, Македонија требаше да го добие многу порано.

Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата.

Граѓаните на Република Македонија од Заев добија порази и понижувања.

Крајот на поразите, криминалот и корупцијата се ближи. На 12-ти април граѓаните ќе го казнат Заев за сиот криминал што го стори додека беше на власт.

Граѓаните на  12-ти април ќе му порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт