Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Новата крими-коалиција на Заев ќе се посвети на лично богатење

ВМРО-ДПМНЕ: Новата крими-коалиција на Заев ќе се посвети на лично богатење

„Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде да набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра. Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза.Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен.

„Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата.За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес. Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување. Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата. Потребни се обмислени чекори за да се стабилизира ситуацијата, а не функционери кои мислат каде да набават кокаин или како да ги извлечат своите пари од банките“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт