Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

Скопје, 21 февруари 2020

Доаѓа обнова на Република Македонија!Повеќе за сите, повеќе пари за граѓаните, нови инфраструктурни проекти, општествени промени и конечен крај на транзицијата.

По 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум, ќе има нови автопатски решенија од Велес преку Прилеп па се до Битола, ќе се изградат и неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп.

Нема да има неасфалтиран регионален пат, односно ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе реконструира повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта во Република Македонија. За еден мандат новата Влада ќе го замени дотраениот асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и сите останати градови во државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација кои ќе им овозможат пристоен живот.

Рамниот данок ќе биде трајна заложба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Рамниот данок од 10 проценти во првите сто дена ќе се намали за 1 процент, а до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се изнесува 8 проценти.

По 12 април Македонија ја очекува економска ренесанса, раст и развој кој ќе ги привлечат младите да останат, а гаранција за тоа се издржаните мерки и проекти и тимот кој ќе ги реализира.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот