Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Не смееме повеќе да дозволиме да имаме богата влада, а гладен и сиромашен народ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сиромаштија, беда, превисоки цени на прехранбени производи, поскапи горива, поскапа електрична енергија, ниски плати, висока инфлација, руинирано здравство, катастрофално образование, економски колапс, несигурен откуп и ниски откупни цени на земјоделските производи, распродадени национални и државни интереси, зголемен број на иселени граѓани, криминал, корупција, тендери во четири очи, се работите со кои се соочуваат граѓаните изминатите пет години со владата на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повикува на обединување на народот и приклучување на патот на промените, за да ги заштитиме граѓаните и да ја зачуваме државата.

Не смееме повеќе да дозволиме функционерите на владата на СДСМ и ДУИ да ужуваат во бенефициите на функциите, а народот да осиромашува. Не смее да дозволме да имаме богата влада, а гладен народ. Криминалната влада на СДСМ и ДУИ не се руши само со една битка, туку со многу битки и труд. Но, само обединети и сплотени можеме да се избориме со оваа ненародна и корумпирана власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани граѓани, борбата за подобра иднина, за поквалитетен живот, повисок стандард и подобро утро не обединува сите нас, затоа ве повикуваме да ни се приклучите во промените и да излеземе сите заедно на големиот народен протест за промени во сабота 18 јуни во 20:00 часот пред Владата на Република Македонија и да порачаме дека сме одлучни во нашите барања, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ММФ: Албанија расте економски, но „фискалниот мир“ носи ризици

Владата ќе донира 100 возила за Македонска пошта, најавени и законски измени

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година