Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска

 

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ги осудуваат, како што велат, говорот на омраза и навредите кои Саше Ивановски – Политико, ги упатил кон Гордана Силјановска Давкова, носител на листа за пратеници во првата изборна единица.

„Бараме итно извинување од новинарот, но и од неговите спонзори и мотиватори – семејството Заеви. Дополнително ги повикуваме новинарските здруженија да го осудат ваквиот напад“, се наведува во реакцијата од партијата од каде велат дека ги почитуваат новинарите, но не сакаат сликата за новинар во јавноста да биде лицето Саше Ивановски.

„Говорот на омрза и навредите не смеат да прераснат во пракса во општеството“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт