Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче резултира со метеж и хаос пред болниците за вакцинација

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче резултира со метеж и хаос пред болниците за вакцинација

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„Неспособноста на Филипче резултира со метеж и хаос пред болниците за вакцинација, нема никакви протоколи.

Вчерашните гужви покажаа само едно – дека системот за пријавување потфрлил, и дека интересот кај граѓаните бил далеку поголем, но власта не успеала да ги опслужи граѓаните.

Кога веќе се создава толку хаос, Филипче треба да изнајде начин и да направи повеќе вакцинални пунктови на кои граѓаните ќе може да се вакцинираат без пријавување.

Масовната имунизација е клучна за стекнување на што поголем колективен имунитет, затоа Филипче треба да ја направи вакцинацијата достапна до секого.

Дополнително, Филипче мора најитно да обезбеди дополнителен број на вакцини. Имунизацијата не смее да запре.

Филипче да каже и до каде се најавените 800.000 вакцини Фајзер и 200.000 вакцини Спутник В, дали се нарачани како што кажа или и тогаш лажел?

Пандемијата не е време за политиканство. Народот очекува посветеност, а не аматеризам како до сега. Време е за Македонија за сите луѓе!“

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт