Скопје, 30 март 2020
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија и им го честита членството во НАТО, што преставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно.
НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси.
Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности.
ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжиме да работиме и да се бориме за овие цели. Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на кое што се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки