Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На итна седница да се изгласаат нашите предлози за намалување на цените на горивата и храната

За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар, посочи на прес-конференција во Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Како што рече тој, од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5 отсто.

„Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами кое ни се случува?!“, запраша Сојаноски.

Тој посочи и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изработиле два закона со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5 отсто, наместо тековните 18 отсто, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

„Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност.

Цената за литар ‘Еуросупер 95’ е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар.

Цената за литар ‘Еуросупер 98’ е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари.

Цената за литар ‘Еуродизел’ е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба