Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

 

4 мај 2020

На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет.

Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени.

Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја.

Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.

Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.

Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.

СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт