Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува победа во 12 општини

ВМРО-ДПМНЕ најавува победа во 12 општини

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека според нивниот аналитички штаб, во вториот изборен круг освоиле власт во 12 општини.

Според нив, градоначалнички места добиле во Скопје, Охрид, Битола, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново и Лозово.

Во Охрид, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, веќе прогласи и победа преку објава на социјалните мрежи. Во Скопје, од 24 отсто од пребројаните гласови, предност има Данела Арсовска, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие се неофицијални информации, а пребројувањето од општинските изборни комисии и натаму е во тек.

Можете да прочитате

Усвоени измените – со Б категорија ќе се возат мотори до 125 см³

Истражување: Коруптивни шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите

Родителите од Кочани: Ја чекаме вистината од токсиколошките анализи!