Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ најавува национална мрежа на четири нови клинички центри

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

9 март 2020

ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде национална мрежа на 4 нови клинички центри

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова на македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обезбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за воспоставување на интегриран систем од 4 клинички центри и тоа:

Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што практично планираме да го трансформираме во Клинички Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница.

Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека со овие 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи.

Се обврзуваме да смениме голем дел од работите и проблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветуваме многу работа, и достоинствени услови.

После 12-ти април заедно ќе ги менуваме работите, и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого.

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки. Обновата доаѓа и обновата победува.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 – МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт