Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо мерки против корона, Заев и Филипче со скапа кампања пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо мерки против корона, Заев и Филипче со скапа кампања пред избори

300 илјади евра чини кампањата на Заев и Филипче протов корона. Наместо лек против корона, народот доби реклами, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Зоран Заев и Венко Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки. Освен за фашистички мерки, Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари.

Сега преку кампањата за подигање на јавна свест за вакцинација против корона која чини 300 илјади евра одат во спроведување на својот следен коруптивно-криминален план.

Поточно тоа тие го нарекуваат како „јавна набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од КОВИД 19“.

Но, ова е авансирање на средства за нивната политичка кампања за локалните избори. Или со оваа кампања на државата за поттикнување на граѓаните да се вакцинираат, всушност се авансираат средства за нивната политичка кампања за локалните избори.

Меѓународниот фактор мора да знае за ваквиот обид на изборна корупција“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар