Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: Милиони за возила за функционерите на Заев, а народот нема ниту за леб

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа
Img 7972

Набавката на 45 возила од страна на владата за министрите и директорите во ек на криза е безсрамно трошење на народните пари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните молат за донации за лекување, молат за донации за храна, молат за работа и преживување, а СДСМ фрла милиони на луксуз. Лудилото не запира. По најавата за набавка на 45 возила од владата, ФЗОМ веќе набавил 2 луксузни лимузини за двата директори Стево Крстевски и Фатон Ахмети“, додаваат од оваа партија.

Од таму проценуваат дека, со парите за 47 возила ќе се набавеа 47 амбулантни возила, но народот како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, не и е приоритет на оваа влада, туку личната комоција.

Според нив, власта се расфрла во време кога има најава дека ќе покачува даноци.

„Од народот ќе се зема, за да има за луксуз. Бараме да запре ова расипништво. Бараме да се раскинат договоритe за набавка на возила и парите да се пренаменат за купување на амбулантни возила или други неопходни работи“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Повредениот од пукањето во Куманово вон животна опасност, по иследувањата пренесен на скопските клиники