Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Ковачевски им порача на сите да се вратат од странство

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Ковачевски им порача на сите да се вратат од странство

Скандалозно е тоа што СДСМ се фали со раст на минимална плата, а Ковачевски вели дека во државата има мед и млеко и порачува сите да се вратат во земјава, кога економијата и официјално е прогласена за 4-та најсиромашна во Европа, пола милион луѓе живеат со по 100 денари на ден, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ковачевски по логиката сит на гладен не верува. Милионерот Ковачевски не може да ги разбере потребите на народот кога на личната сметка има неколку десетици милиони денари. Три стана, пасат и поло, побарувања, девизни и денарски депозити, акции и удели, ова е накусо имотната состојба на Димитар Ковачевски. Како личен имот, имот на брачен другар или имот на деца пиунот Ковачевски поседува денарски депозит од 3,8 милиони денари, денарски депозит од 2,6 милиони денари, денарски депозит од 1,5 милиони денари, 1,46 милиони денари, денарски депозит од 1,47 милиони денари, девизен депозит од 24 илјади евра, девизен депозит од 26 илјади евра, како и неколку други девизни депозити.

Минималната плата не е доволна за да се живее добро. Потребно е раст на стандардот и раст на целата економија“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Владина делегација положи цвеќе на спомен плочата на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов