Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за помош на стопанството не се доволни и навремени

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

 

Скопје, 24 април 2020

Додека Владата на СДСМ се фали со своите економски мерки за помош на стопанството, ја зголеми акцизата за нафтата со што директно им наштети на граѓаните и на малите и средни претпријатија кои се најпогодени од кризата како резултат на епидемијата на коронавирусот.

Мерките за помош на стопанството не беа ниту навремени, ниту пак се доволни за спас на македонската економија. Првичните анкети велат дека над 100 илјади граѓани се соочуваат со отказ, односно во моментов се оставени без приходи бидејќи претпријатијата во кои работеле се директно погодени од кризата.

Колку за пример угостителите веќе втор месец се без работа. Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат. Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата

Економијата за која Заев и Ангеловска тврдеа дека блеска колабираше по само два месеци криза. Буџетската дупка од ден во ден е се поголема според нивните кажувања, на стопанството му фали ликвидност, граѓаните не знаат како ќе го преживеат месецот.

Не е време за популизам, штури прес конференции и Пи-ар. Потребни се итни мерки за спас на работните места на граѓаните, за спас на секоја една фирма, да не дозволиме за само три години да се вратиме триесет години наназад во мрачните времиња на транзицијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт