Мафијата на власт наместо Едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на полициското насилство врз граѓани Роми во Битола.
„Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминал, а сега мафијата на власт брутално тепа. Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека мора да има одговорност од врвот на власта и оставка од Оливер Спасовски.
„Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластувања врз граѓанин, мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следат санкции. Полицијата мора да работи на градење на доверба“, истакнуваат од партијата од каде изразуваат и жалење поради непрофесионалноста во мал дел од полициските редови.