Блиски соработници го напуштаат Заев бидејќи знаат дека Заев е со мафијата, и дека со мафијата нема иднина, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, откако поранешниот министер Дамјан Манчевски попладнево објави дека се повлекува од политиката.
„Манчевски е само еден од низата на соработници и блиски луѓе на Заев, кои не само што го напуштија него, туку ја напуштија и државата. Замина и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, замина советникот Бранимир Јовановиќ… Сите тие заминуваат затоа што знаат дека Македонија тоне и зошто не му веруваат на Заев“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека мафијашката екипа на Владата предводена од СДСМ е брод што тоне.