Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува листите на кандидати за пратеници

 

Скопје, 26 мај 2020

Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот.

Власта не треба да ја бара вината кај народот, властите се неспособни да се справат со короната.

Додека другите држави во окружувањето и по 10 тина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и ново заразени и нови смртни случаи.

Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена.

Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот. Не се справи заради лошиот менаџмент на владата.

Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост.

Неспособноста на СДСМ за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи.

За целиот неуспех и некадарност сега го обвинуваат народот. Не можат сами да се сносат ниту со сопствените грешки.

СДСМ ја урива државата. Со ноншаланиот и неодговорен однос на СДСМ не можеме понатаму. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт