Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав, соопшти опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

„ ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија.

Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија.

Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт