Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија меѓу земјите со највисока инфлација во Европа и во мај 2022 година

Целосно објавените податоци за инфлацијата во мај 2022 година ја потврдија констатацијата дека Македонија е меѓу државите коишто имаат највисока инфлација во рамки на Европската Унија, земјите кои се дел од Европската економска област и од земјите во регионот, информираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата велат дека само 8 држави се пред нас на листата (со Турција 9 којашто има годишна инфлација од 73,5 отсто), додека вкупно 25 држави имаат пониска инфлација.

Од земјите во регионот, пониска инфлација имаат: Албанија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, а повисока имаат Косово и Бугарија.

Најниска инфлација во Европа имаат Исланд, Малта и Франција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови на ист негативен шок од страна на понудата и позитивен од страна на побарувачката, а при единствена монетарна политика во евро зоната, варијациите на инфлацијата во земјите кои припаѓаат во неа се однесуваат на способноста на владите за справување со инфлацијата. Кај нас, со самостојна монетарна политика и неспособна влада, сме меѓу земјите на врвот на листата според инфлацијата!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ