Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска ќе потроши 440 илјади евра за привремени вработувања во време на криза

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска ќе потроши 440 илјади евра за привремени вработувања во време на криза

Власта на Заев нема една набавка во која нема сомнеж за сериозна злоупотреба. Последен таков случај е набавката која ја направила новоименуваната заменичка претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска која набавувала компјутери по цена и од 2400 евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Имено УЈП набавува 100 компјутери по цена од 45.423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од 53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи по неверојатни 145.848 денари без ДДВ по парче. Или вкупно над 400 илјади евра ќе потроши Лукаревска во овој турнус набавки на компјутери во ек на економска криза.

Патем истата таа Лукаревска склучила и дополнителен договор вреден 440 илјади евра со приватна агенција за вработување за само година дена, преку кој договор ќе бидат ангажирани 33 лица, иако во УЈП веќе се распоредени над 100 лица кои беа дел од „рамковните вработувања“.

Лукаревска како и нејзиниот ментор Заев е ставена во полн погон на неразумно трошење на народните пари во време кога 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, 60 илјади се новоневработени, а над 6.000 компании ставија клуч на врата поради кризата“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт