Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

Скопје, 18 февруари 2020

Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април.

На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви.

Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон.

Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството.

Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста.

Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта.

Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес