Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Крадењето на струја бренд марк на Заев, сега од ГТЦ, а порано од Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари? Дали овие пари ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети, ако е така?“, стои во соопштението од оваа партија.

Доколку е трошена претпоставената количина на струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш доаѓаме до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини.

„Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје“, се потенцира во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, со Заевци нема иднина. Со Заевци, како што велат, има само кражби, криминал и сиромаштија за народот.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт