Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата на Филипче забошотува лекарски пропусти на сметка на здравјето на пациентите

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата на Филипче забошотува лекарски пропусти на сметка на здравјето на пациентите

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека одлуката на Комисијата за заразни болести за случајот со родилката Веаповска е показател за упропастениот здравствен систем. Оттаму додаваат дека оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот.

„ Срамота. Оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот. Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница.

Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт